Оставката на обвинителката од Основното јавно обвнителство (ОЈО), Ленче Ристоска, денеска беше констатирана на седница на Советот на јавни обвинители.
Ристоска поднесе оставка на 2. април, откако од страна на новиот државен јавен обвинител Ненад Савески беше изземена од предметите “Талир 1“ и “Талир 2“, поврзани со владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а отворени од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителката Ленче Ристоска поднесе оставка
Претходно пак од страна на Советот беше одбиена нејзината иницијатива во која тврдеше дека врз нејзината самостојност имало надворешни влијанија и притисоци, посебно поради нејзиното постапување во предмети за ВМРО-ДПМНЕ, а како притисоци ги наведе и изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, како и соопштенијата на партијата.
Претседателот на Советот, Башким Бесими, информирше дека за нејзината оставка немало расправа, бидејќи е нејзина лична одлука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е обвинителката Ленче Ристоска, која поднесе оставка
Каков имот пријавила обвинителката Ленче Ристоска, која поднесе оставка
Фото: Телма














