Ацо Ристов избран за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Бизнисменот и поранешен градоначалник на Општина Радовиш, Ацо Ристов е нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Тој денеска во македонското Собрание беше избран со 68 гласа „за“ и 15 „против“.

Доаѓа на местото на Марко Бислимоски кој во февруари поднесе оставка.

Ристов е дипломиран електроинженер.

Има долгогодишно работно и проектно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Ацо Ристов, наследникот на Марко Бислимоски

Каков имот пријавил Ацо Ристов, кој е предложен за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Каков имот пријавил Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ, кој заработи кривична

Фото: Ристов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести