Поранешниот градоначалник на Општина Радовиш, Ацо Ристов е предлогот за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ацо Ристов е предлогот за наследник на Марко Бислимоски
Тој доаѓа на местото на Марко Бислимоски, кој поднесе оставка, а ќе треба да биде изгласан во македонското Собрание.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Ристов
Како што стои во неговата биографија тој е дипломиран електро инженер.
Има долгогодишно раководно и проектно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи.
-Тој е искусен менаџер со докажана експертиза во управување со комплексни градежни, енергетски и индустриски проекти, вклучително хидроелектрани, електроенергетски системи, пречистителни станици, пумпни системи и индустриска инфраструктура и има силни компетенции во проектен менаџмент, техничка координација, надзор и стратешко планирање, пишува во неговата биографија.
Член е на Комората на овластени архетекти и овластени инженери на Македонија со овластување за А за проектирање, надзор и изведба на објекти од прва категорија.
Работно искуство
Беше градоначалник на Општина Радовиш од 2021 до 2025 година.
Основач е на компанијата Алфа инжинеринг ДООЕЛ Скопје, основана во 2000 година. Станува збор за компанија која се занимава со инсталации за прочистителни станици и отпадни води, изградба на трафостаници, далноводи и мали хидроцентрали, поставување фотоволтаици и градежништво со градење на станбен простор.
Откако влезе во политика ја отстапи истата на друг сопственик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ, кој заработи кривична
Кој е Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ, кој доби кривична од Финансиската полиција
Фото: Ристов/Фејсбук














