Ацо Ристов е предлогот за наследник на Марко Бислимоски

Поранешниот градоначалник на Општина Радовиш, Ацо Ристов е предлогот за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), откако Марко Бислимоски, кој заработи кривична пријава од Управата за финансиска полиција, поднесе оставка.

Тој е дипломиран електроинженер со долгогодишно раководно искуство во енергетиката, хидроенергијата, водоснабдувањето, третман на води, рударство и инфраструктурни системи.

На огласот за нов претседател на РКЕ, беше пријавен и Шамил Реџепи од Тетово, кој е магистер по економски науки и работи во РКЕ од 2004 година.

Предлогот Ристов да биде нов претседател на РКЕ денеска беше изгласан на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.

Сега истиот треба да оди на пленарна седница и да биде изгласан од пратениците.

Ристов беше градоначалник на Општина Радовиш во периодот од 2021 до 2025 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ, кој заработи кривична

Кој е Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ, кој доби кривична од Финансиската полиција

Кривична за Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика од Финанската полиција

Фото: Ристов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести