Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека на 16.03.2026 година во 21:20 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Тетово сам се пријавил А.А. (47) од Тетово и со него бил извршен службен разговор.
-Имено, постапувајќи во врска со настанот од 14. март, кога 19-годишна девојка од Тетово падна од балкон од куќата на нејзиниот дедо и која беше пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници дошле до сознанија, односно било констатирано дека девојката била психички и физички малтретирана од нејзиниот татко А.А..
По насока од јавен обвинител А.А. е пуштен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од полицијата.
Фото: Унсплеш














