Денеска за најавата за исклучување од неговата партија, опозициската СДСМ, реагираше Петре Шилегов, поранешниот градоначалник на Град Скопје и пратеник на партијата во два мандати.
Тој меѓу друго за обвинувањата од раководството на партијата дека бил „уценуван“ и „одработувал“ за владејачката ВМРО-ДПМНЕ, рече дека тоа го право актуелното раководство на СДСМ, за да не било предмет на евентуални кривични истраги.
Посочи и дека СДСМ била целосно кадровски исцрпена и дека во неа повеќе не биле лицата на кои им значи партијата.
За исклучувањето рече дека според Статутот тоа не можело да го направо Извршниот одбор (ИО) на СДСМ, туку општинската организација каде што припаѓа, односно таа во скопски Карпош.
Тој го повика актуелното раководство на СДСМ, како и во неколку наврати порано, да си замине и „да ја ослободи партијата“.
Вчера ИО на СДСМ започна инцијатива за негово исклучување од партијата.
Шилегов по професија е адвокат, а моментално застапува обвинет за случајот со пожарот во “Пулс“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почната процедура за исклучување на Петре Шилегов од СДСМ
Фото: Шилегов/Фејсбук














