На 17.03.2026 во 03:50 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ф.О. (37) од Скопје.
Станува збор за возило кое е во сопственост на сопругата на на градоначалникот на Оштина Шуто Оризари, Курто Дудуш, Фатима Османовска.
Според пријавеното, тие на безбедносните камери забележале едно маскирано лице кое истурило течност на возилото, по што веднаш се запалило возилото.
Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.














