Извршниот одбор на опозициската СДСМ синоќа на седница донел одлука да се иницира постапка за исклучување на Петре Шилегов од партијата, информираа од таму.
Оваа следи откако Шилегов јавно ги критикуваше органите на партијата, а од таму пак го обвинија дека бил “уценуван“ и “обработувал“ за владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Шилегов засега не реагираше на одлуката.
Како што е познато тој е адвокат, а на пошироката јавност и е познат како поранешен градоначалник на Град Скопје, во периодот од 2017 до 2021 година.
Бил и портпарол на партијата, а во два мандати и пратеник.
Моментално е актуелен како адвокат на еден од обвинетите во случајот за трагедијата во т.н. дискотека “Пулс“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шилегов вели дека раководството на СДСМ “одработувало“ за ВМРО-ДПМНЕ и дека неможе да го исклучи
Фото: Шилегов/Фејсбук














