Велика Британија, Германија, Грција и Италија не сакаат да одговорат на повикот на американскиот претседател Доналд Трамп, за воено да помогнат за деблокада на Ормускиот теснец, за да може да се одвива транспорт на нафтата.
Иако европските држави се погодени од нафтената криза, сепак не сакаат да влегуваат во војна со Иран, порачувајќи му на Трамп, дека тоа не е нивна војна.
Јапонија и Австралија исто така го одбија американскиот претседател за испраќање на воена помош.
Попладнево, неколку танкери со нафта поминаа преку теснецот, поради што дојде до мало намалување на цената на нафтата.
Министерот за финансии на САД, Скот Бесант, изјави дека САД им дозволуваат на иранските танкери да поминат низ теснецот, за да може остатокот од светот да добие залихи од нафта.
Фото: еМагазин.мк














