Кој е Игор Величковски, кој е избран за вицегувернер на Народна банка

Игор Величковски и Ана Митреска се новите вицегувернери на Народна банка.

Двајцата беа избрани во македонското Собрание, на предлог на гувернерот на Народна банка, Трајко Славески.

На функцијата ќе бидат седум години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Собранието ги избра Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка

Кој е Величковски

Величковски на новата функција дојде како директор на Секторот за операции на финансиските пазари и платни системи во Народна банка.

Таму работи повеќе од 30 години, од 2012 година.

Од 2013 до 2024 година таму бил директор на Дирекцијата за платни системи.

Тој е доктор по монетарна економија на Универзитетот во Стафордшир, Велика Британија.

Важи за истакнат професионалец во областа на платните системи и финансиските пазари.

Неговиот професионален ангажман опфаќа значајни реформи во платната инфраструктура, како и активна улога во процесите на модернизација и интеграција, вклучително и приклучувањето на земјата кон Европската област за плаќања во евра (СЕПА) во 2025 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Ана Митреска, која е реизбрана за вицегувернер на Народна банка

Која е Ана Митреска, која е реизбрана за вицегувернер на Народната банка

Каков имот пријавил гувернерот на Народна банка, Трајко Славески

Фото: Народна банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести