По подолг застој, стартува реконструкцијата на Универзална сала во Скопје.
Истата треба да добие нов лик до декември следната година, информираа од Министерството за култура и туризам, а проектот ќе се реализира по принципот „клуч на рака“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Универзална сала конечно ќе се гради, која фирма ќе ја реконструира
За 998.500.000 денари без ДДВ или околу 16,2 милиони евра, реконструкцијата ќе ја прави Универзал Балкан ДОО Скопје.
Која е Универзал Балкан
Универзал Балкан е фирма од скопски Карпош, а работи од февруари 1993 година.
Станува збор за градежно проектантско трговско друштво.
Лазар Арсоски е сопственик и содружник, како и Владимир Арсоски, а Билјана Блажевска е управител.
Оваа фирма и првично беше ангажирана за реконструкција на Универзална сала од страна на Град Скопје, а сега и од Министерството за култура и туризам.
Застој настана поради тоа што на јавниот тендер се јави уште една фирма, која се жалеше на првичниот избор на Универзал Балкан. Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одби како неоснована жалбата на другата фирма и го потврди изборот на Универзал Балкан, која имала најповолна понуда.
Таа работеше и на изведба на фасадата и облагање на кровот на Турскиот театар во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Како ќе изгледа Универзална сала по реконструкцијата
Фото: МКТ














