Арлинда Хасани Синани, која има 22-годишно искуство во банкарскиот сектор е предлог за нов вицегувернер на Народната банка.
За да дојде на функцијата треба да биде изгласана во македонското Собрание, до кое веќе е испратен предлогот од страна на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арлинда Хасани Синани предложена за нов вицегувернер на Народната банка
Хасани Синани треба да дојде на местото на Фадил Бајрами.
Образование
Хасани Синани е од Тетово.
Таа е дипломиран економист. Дипломирала на Економскиот факултет при Државниот универзитет во Тетово.
Има завршено и академија за виш менаџмент на ПроКредит академијата во Франкфурт на Мајна, Германија. Станува збор за специјализирана институција која едуцира менаџери од банкарскиот сектор
од високиот менаџмент, како и академија за менаџери на средно ниво на ПроКредит академија во Велес.
Станува збор за специјализирана институција која едуцира менаџери од банкарскиот сектор од средниот менаџмент.
Работно искуство
Моментално е регионален директор на филијали одговорен за северозападниот регион во Стопанска Банка АД Скопје. На таа функција е од 2023 година.
Таму била и директор на филијала.
Претходно работела во ПроКредит банка каде била директор на сектор за мали и средни претпријатија, директор на деловен центар, директор на експозитура и кредитен аналитичар.
Во текот на нејзината кариера работела во примената на регулаторната и супервизорската рамка на
банкарскиот систем, управување со ризици, корпоративно управување и процеси на одлучување во
банкарското работење.
Била член на комитет за ризик, за кредитен ризик, за управување со средства и обврски (ALCO) и за човечки ресурси.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Ана Митреска, која е реизбрана за вицегувернер на Народната банка
Каков имот пријавила Ана Митреска, која е реизбрана за вицегувернер на Народна банка
Кој е Игор Величковски, кој е избран за вицегувернер на Народна банка














