
(Фото) Светогорско бдение за Успение во манастирот Пречиста, на кое пееше и светски прочуениот хор за источно-православно црковно пеење „Топос“
Во манастирот Пречиста во Кичево, се одржа сеноќно бдение по повод големиот празник Успение на Пресвета Богородица, празник кој не само што е посветен на Царицата Мајка, туку се нарекува и летно Воскресение. Имено, според преданието на светите отци, таа е првата која со тело се вознела при Христос, три дена



















