
30 години од возобновувањето и осветувањето на манастирскиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Ботун
Ботунскиот манастир „Успение на Пресвета Богородица“ се наоѓа на југоисточните падини на планината Караорман, на речиси два километри од селото Ботун, на една широка висорамнина што овозможува поглед кон сите села на Долна Дебрца. Последните истражувања откриваат дека манастирот најверојатно бил разрушен во текот на Брсјачката буна 1880-1881 година, во



















