
Заеднички авторски проект на Ателје Креација и Le Brand Studio: Македонската традиција доби современ моден израз
Вековната македонска традиција добива нов живот преку заедничкиот авторски проект на Ателје Креација и Le Brand Studio, инспириран од орнаментиката на мијачкото свадбарско знаме, еден од најпрепознатливите симболи на Галичката свадба и македонското културно наследство. Во центарот на проектот е уникатна дизајнерска чанта која ја пренесува симболиката на љубовта, достоинството,


















