
Димитри Трповски стана акционер со над 5% во Тетекс
Од Тетекс АД Тетово преку Македонската берза информираа дека акционерот Димитри Трповски се стекнал со над 5% од вкупниот број акции со право на глас издадени од Друштвото. Во моментот тој поседува 22.064 акции што претставува 5,33% од вкупниот број издадени акции, односно 5,68% од акциите со право на глас.




















