
Блага Петреска, добитничка на Наградата за животно дело на Фолк Фест Валандово 2026
Фолк Фест Валандово 2026 со особена чест ја доделува Наградата за животно дело на Блага Петреска, доајен на македонската народна песна и едно од најзначајните женски вокални имиња во поновата историја на нашата музика, информираат од таму. Блага Петреска е пејачка која со децении ја носи македонската песна со достоинство,




















