
Во Бугарија запленети дури 1 милион евра за купување гласови за престојните избори
За купување гласови за престојните предвремени парламентарни избори во Бугарија досега биле запленети дури 1 милион евра. Информацијата ја соопшти тамошниот премиер, Андреј Ѓуров. Според бугарското Министерство за внатрешни работи досега пристигнале 1.740 пријави за нерегуларности поврзани со изборите, што е значителен раст, споредено со изборите претходната година, кога имало




















