За купување гласови за престојните предвремени парламентарни избори во Бугарија досега биле запленети дури 1 милион евра.
Информацијата ја соопшти тамошниот премиер, Андреј Ѓуров.
Според бугарското Министерство за внатрешни работи досега пристигнале 1.740 пријави за нерегуларности поврзани со изборите, што е значителен раст, споредено со изборите претходната година, кога имало 418 поплаки.
Шемите за купување гласови како што соопштија од таму биле многу имагинативни и креативни, а вклучувале и фризерски салони и отпис на долгови.
Изборите треба да се одржат на 19. април и се осми по ред во изминатите пет години.
Фото: Унсплеш














