Каков имот има Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција

Никола Груевски, поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ повторно стана топ тема во јавноста и на социјалните мрежи откако идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, најави негова екстрадиција во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екстрадиција на Груевски најави идниот премиер на Унгарија, Маѓар

За него Македонија побара екстрадиција кон крајот на ноември 2018 година, неколку денови по неговото бегство, а дополнување на барањето имаше следната година во јуни.

Унгарија го одби барањето во август 2019 година, со образложение дека според нејзиното законодавство неможе да екстрадира лице кое има статут на политички азилант.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако биде екстрадиран Груевски ќе лежи затвор најмалку 9 години, моментално активни две потерници за извршување на санкции

Дали тоа навистина ќе се случи, останува да видиме, а во Македонија нему и по речиси осум години од бегството, се уште му се суди во отсуство.

За него се актуелни и две потерници за одење во затвор за случаевите кои ги отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), “Насилство во Центар“ и „Плацеви на Водно“.

еМагазин според податоци на Антикорупциската комисија и Aгенцијата за управување со одземен имот разгледа каков имот има/ше во Македонија.

Каков имот има/ше

Онаа што е интересно е дека додека Груевски беше премиер од 2006 до 2014 година, во неговите анкетни листови доставени до Антикорупциската комисија немаше пријавено недвижен имот на негово име, ниту пак возило.

Недвижен имот немаше пријавено ни на член од семејството.

Според анкетните листови од 2014 и 2015 година, кои еМагазин ги има во својата архива, излегува дека многу штедел, па пријавил бројни депозити, но и пари во готово, како и уметнички слики.

Државата му заплени пет стана

Од друга страна пак за случајот „Плацеви на Водно“ државата му заплени пет стана, кои ги даде на продажба преку јавно надавање.

Според информации на Aгенцијата за управување со одземен имот изминативе месеци се продаваа три станови во елитниот комплекс „Панорама“ на Водно, на улицата „Салвадоре Аљенде“, со вкупна површина од 750 метри квадратни и вкупна проценета вредност од повеќе од 2,4 милиони евра.

Станува збор за станови од 155 метри квадратни и 95 метри квадратни балкон, од 199 метри квадратни и 48 метри квадратни балкон и стан од 200 метри квадратни со 48 метри квадратни балкон.

Се продаваа и становите во зградата каде што живееше Груевски, во Општина Кисела Вода, на улицата “Бихаќка“. Едниот стан има површина од 57 метри квадратни и беше понуден за продажба по цена од 63.000 евра, а вториот од 38 метри квадратни се продаваше за 44.000 евра.

Тој пак со статуси на Фејсбук негираше било каква поврзаност со овие станови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден од становите на Груевски го купил бизнисмен од Гевгелија

Што се продаде

Од Агенцијата за управување со одземен имот пред неколку месеци потврдија дека досега се продадени двата станови на “Бихаќка“.

Поголемиот стан од 57 метри квадратни на јавното надавање достигна цена од 131.186 евра, а помалиот од 38 квадрати од 90.016 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако Груевски се врати во Македонија ќе оди во затвор, но немам никакви очекувања, вели Мицкоски

Груевски има и фирма во Унгарија

Како избега Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести