Груевски има и фирма во Унгарија

Никола Груевски, поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, кој стана политички азилант во Будимпешта, Унгарија, повторно е топ тема, откако идниот унгарски премиер Петер Маѓар, најави негова екстрадиција во Македонија.

Како што е познато Груевски откако беше обвинет за повеќе кривични дела во неколку предмети кои ги отвори поранешното Специјално јавно обвинителство, избега од земјава во ноември 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако биде екстрадиран Груевски ќе лежи затвор најмалку 9 години, моментално активни две потерници за извршување на санкции

За него како што информираа од Министерството за правда е побарана екстрадиција кон крајот на ноември 2018 година, а дополнување на барањето имало следната година во јуни.

Унгарија го одбила барањето во август 2019 година, со образложение дека според нејзиното законодавство неможе да екстрадира лице кое има статут на политички азилант.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку пати Македонија барала екстрадиција на Груевски

Дали ќе биде екстрадиран и колку е тоа реално, останува да видиме.

Груевски во Будпешта си отвори и фирма

Во јули 2021 година Груевски во Унгарија ја отвори фирмата I.C.I.C. Kft., која заедно со него заврши на т.н. црна листа на САД.

Истата уште на старт имаше широк спектар на дејности – нуди бизнис-консалтинг, лиценцирана е и за трговија на големо со порцелан и производи за чистење, трговија на големо со храна, пијалаци и тутун, управување со средства, рекламирање, односи со јавност и комуникација.

Во 2022 година ги прошири своите бизнис-можности, регистрирајќи уште 10 дополнителни дејности.

Според годишниот извештај за 2024 година, фирмата имала продажба од 10.500 евра, а претходната година од 9.700 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како избега Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција

Еден од становите на Груевски го купил бизнисмен од Гевгелија

Продаден дел од имотот на Груевски за двојно повисока цена

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести