Вчера започна реконструкцијата на Старата скопска чаршија.
Станува збор за реконструкција на површина од 1.567 метри квадратни.
Проектот го реализираат Општина Чаир, Министерството за култура и туризам и Владата, а ќе чини 28.750.591,44 денари или околу 470 илјади евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Започна реконструкција на Старата скопска чаршија, ќе чини 28.7 милиони денари
Со истиот ќе се прави замена на калдрмата со травертински камен, ќе се модернизира подземната инфраструктура, ќе се поставува ново осветлување, ќе се поставува нова урбана опрема…
Реконструкцијата ќе ја прави Ленди груп ДООЕЛ Скопје, а надзорот Урбан стил инженеринг.
За рокот на реализација на проектот засега нема информација.
Која е Ленди груп
Ленди груп, како што пишуваше изминатиов период еМагазин, е една од фирмите кои почесто се јавува како добитник на тендери за јавни набавки низ целата земја.
Работи од јануари 2012 година како друштво за градежништво, трговија и услуги.
Има повеќе од 150 вработени и широк спектар на сопствена механизација.
Главна дејност и е изведба на објекти од нискоградба.
Фирмата, како што стои на официјалната страна, поседува лиценца А за изведба на градби од прва категорија и во својата историја има сработено голем број на проекти.
Основач, сопственик и управител е Ана Христовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, еве како изгледа моментално
Моментално работи и на реконструкцијата на првата фаза од булеварот “Македонија“ во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Договор од 1,2 милион евра склучи Град Скопје со „Ленди груп“
Договор вреден 2,4 милиони евра склучи Општина Тетово со „Ленди груп“
Договор од 876,9 илјади евра склучи Министерството за спорт со “Ленди груп“
Фото: Општина Чаир














