Започна реконструкција на Старата скопска чаршија, ќе чини 28.7 милиони денари

Со реконструкцијата на улицата „Самарџиска“ денеска започна реконструкција на Старата скопска чаршија.

Со истата ќе биде опфатена површина од 1.567 метри квадратни, а ќе чини 28.750.591,44 денари или околу 470 илјади евра.

Реконструкцијата предвидува реставрација на калдрмата со травертински камен, модернизација на подземната инфраструктура, вклучувајќи водовод, канализација, електрична мрежа и оптичка инфраструктура, како и поставување на ново осветлување во традиционален стил, уредување на пешачките површини и поставување урбана опрема.

Проектот е на Министерството за култура и туризам, Владата и Општина Чаир.

Ќе го изведува фирмата Ленди груп.

Фото: МКТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести