Од вечерва на полноќ цената на Еуродизелот (Д-Е V) се намалува за 2,50 денари, а на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, за 1,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на дизелот ќе биде 95,50 денари за литар, на Еуросупер БС-95, 82 денари за литар, а на Еуросупер БС-98, 84 денари за литар.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 3,50 денари и тоа ќе се продава за 96,50 денари за литар.
Се намалува и цената на Мазутот М-1 НС за 2,084 денари и сега ќе изнесува 49,227 денари за килограм.
Фото: Унсплеш














