Поранешната претседателка на Антикорупциска, Димитровска се изјасни за невина

Татјана Димитровска, поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), која е обвинета за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат на денешното судење се изјасни за невина.

Како што е познато таа е обвинета за оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, обвинет во предметот „Адитив“, и за компјутерски фалсификат, односно дека ревизор во нејзино име го полагал тестот за добивање безбедносен сертификат за пристап до класифицирани информации.

Обвинети во случајот се и Миле Столевски, вработен во Државниот завод за ревизија и Билјана Петровска Мантева, вработена во ТЕЦ Неготино, подружница на државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). И тие се изјаснија за невини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила претседателката на Антикорупциска, Димитровска, која е обвинета за „Адитив“

Претседателката на Антикорупциска, по оставката, се враќа во Државниот завод за ревизија

Кој е Адем Чучуљ, кој е избран за нов претседател на Антикорупциска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести