Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски е топ тема откако идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, најави негова екстрадиција во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Екстрадиција на Груевски најави идниот премиер на Унгарија, Маѓар
Во врска со екстрадицијата на Груевски по оваа најава се огласија и од македонското Министерство за правда.
Од таму информираа дека за него првото барање за екстрадиција од Унгарија било поднесено на 20.11.2018 година.
Дополнување на барањето имало во јуни 2019 година.
Како што информираат од таму екстрадицијата била побарана за сите предмети за кои постоеле сознанија дека се водат постапки против него пред македонските правосудни органи, односно за сите случаи за кои е распишана потерница.
Унгарија го одбила барањето за екстрадиција на 05.8.2019 година, со образложение дека на Груевски му е одобрен азил, согласно нивното законодавство, што не дозволувало предавање на лице кое ужива таков статус на државата од која избегало.
Од Министерството најавуваат дека во текот на утрешниот ден ќе било доставено барање до надлежните судски органи и обвинителства и ќе ги побарале потребните списи за сите предмети поврзани со Груевски.
-Откако од надлежните органи ќе ги добиеме потребните документи, Министерството за правда ќе постапи согласно позитивните законски прописи, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како избега Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција














