Екстрадиција на Груевски најави идниот премиер на Унгарија, Маѓар

Идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, најави екстрадиција од Будимпешта на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој избега од Македонија во ноември 2018 година и таму доби политички азил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Петер Маѓар, кој го собори Виктор Орбан

Маѓар тоа го најави вчера на прес-конференција по убедливата победа на парламентарните избори, на која меѓу друго беше прашан за судбината на бегалците Збигњев Жибро, поранешен министер за правда на Полска и поранешниот заменик за правда, Марцин Романовски, кои како и Груевски од Полска избегаа во Унгарија каде добија азил, а се бараат и со меѓународна потерница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како избега Груевски, за кого Унгарија најавува екстрадиција

Тој рече дека неговата земја немало повеќе да биде депонија на странски криминалци кои добиле азил, а Груевски сам го спомна.

-Унгарија нема да биде депонија за странски криминалци. И тоа не се однесува само на нив, туку и на Никола Груевски, поранешен претседател на Владата на Северна Македонија, кој, исто така, е престапник, рече тој меѓу друго.

Унгарија досега неколку пати одби екстрадиција на Груевски, кој во Македонија се гони/гонеше за неколку кривични дела за кои е осуден. Дел од нив застареа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако биде екстрадиран Груевски ќе лежи затвор најмалку 9 години, моментално активни две потерници за извршување на санкции

Како работи фирмата на Груевски во Унгарија

Еден од становите на Груевски го купил бизнисмен од Гевгелија

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести