Кој е Петер Маѓар, кој го собори Виктор Орбан

Унгарија ќе има нов премиер. На вчерашните парламентарни избори убедливо победи опозициската партија Тиса предводена од Петер Маѓар.

По 16 години владеење падна Виктор Орбан и неговата Фидес.

Според проекциите, Тиса најверојатно ќе има двотретинско мнозинство во унгарскиот парламент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Орбан падна по 16 години на власт

Кој е Маѓар

Маѓар е по професија правник и има 45 години, а неговото презиме буквално значи „унгарски“.

Дипломирал на Католичкиот универзитет “Пазмањ Петер“.

Израснал во конзервативна средина. Неговиот дедо бил позната телевизиска личност и адвокат, а неговиот кум Ференц Мадл бил претседател на Унгарија.

Онаа што е посебно интересно за него е дека беше дел од партијата на Орбан, а беше и оженет со Јудит Варга, една од најпознатите функционерки на Фидес и поранешна министерка за правда.

Тие се разведе во 2023 година.

Маѓар додека беше со Фидес беше во Управниот одбор на државната компанија за одржување патишта, подоцна бил и директор на владиниот давател на студентски кредити и беше член на одбори на неколку други државни компании.

Разделба со Фидес

Со Фидес се раздели во 2024 година кога од страна на унгарскиот претседател беше помилувано лице поврзано со прикривање педофилија, и го обвини системот на Орбан за корупција, клиентелизам и владеење во интерес на тесен круг политички и економски елити.

Потоа започна со јавни настапи од кои се роди новата партија – Тиса, која во 2024 година освои дури 30% од гласовите на изборите за Европскиот парламент

Популарноста драматично му се растеше бидејќи во своите настапи се фокусираше на секојдневни теми како инфлација, ниски плати, здравство, јавен превоз, корупција и пад на животниот стандард.

Не е класичен либерален политичар

Тој не е класичен либерален политичар. Доаѓа од десниот центар, има конзервативни ставови, но успеа да собере широк фронт на незадоволни граѓани – од умерени десничари и разочарани поранешни гласачи на Фидес, до либерални и проевропски ориентирани.

Исто така ветува подобрување на односите со Европската унија и НАТО, кои Орбан ги влоши дополнително по војната во Украина.

Ставот за мигрантите му е дури построг и од тој на Орбан, а едно од ветувањата му е укинување на програмата за увоз на странска работна сила.

Често се судира со медиумите, а има и нејасен став по прашањето за ЛГБТК заедницата.

Фото: Маѓар/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести