Орбан падна по 16 години на власт

На вчерашните парламентарни избори во Унгарија победи опозициската партија Тиса, предводена од Петер Маѓар.

Актуелниот премиер и лидер на владејачката Фидес, Виктор Орбан, кој беше на власт 16 години, го призна поразот и му честиташе на Маѓар.

Се предвидува дека партијата Тиса ќе има најмалку 138 од вкупно 199 пратеници во унгарскиот парламент и најверојатно ќе има двотретинско мнозинство.

На изборите имаше рекордна излезност. На половина час пред завршувањето на гласањето излезноста беше дури 77%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Петер Маѓар, кој го собори Виктор Орбан

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести