Министерството за внатрешни работи (МВР) синоќа го потврди обидот за опожарување на објект на Еврејската заедница и на синагогата во Скопје.
Од таму за државната агенција МИА велат дека полицијата по пријавата излегла на терен и дека се преземаат мерки за расчистување на инцидентот.

Во дворот од верскиот објект е најден канистар за гориво, а како што се гледа на фотографијата и на снимката кои ги објавија од Амбасадата на Израел во Македонија на вратата има траги од горење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Снимка од обидот за опожарување на објектот на Еврејската заедница и на Синагогата во Скопје

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и на Синагогата во Скопје
Фото: Амбасада на Израел














