Советот за безбедност во март предвиди дека синагоги или седишта на Еврејската заедница во Македонија може да бидат под закана

Вчерашниот обид за опожарување на објект на Еврејската заедница и на синагогата во Скопје е во фокусот на јавноста.

Министерството за внатрешни работи (МВР) го истражува инцидентот, а онаа што е познато е дека во дворот од верскиот објект е најден канистар за гориво и дека врата од истиот била запалена и на неа има траги од горење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) МВР го потврди обидот за опожарување на објект на Еврејската заедница и на синагогата во Скопје

Тоа се гледа на фотографии и снимка кои ги објави Амбасадата на Израел во Македонија.

Дека е можен ваков инцидент беше констатирано уште на почетокот на март, на седница на Советот за безбедност која се одржа поради нападот на Иран од страна на САД и Израел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снимка од обидот за опожарување на објектот на Еврејската заедница и на Синагогата во Скопје

Како што информираа тогаш од Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова на седницата меѓу друго било констатирано дека објекти како синагоги или седишта на Еврејската заедница, како и Музејот на холокаустот во Скопје, може да бидат под закана, и дека сето тоа го следат надлежните институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и на Синагогата во Скопје

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести