Едно лице носело канистер со бензин, другото чувало стража: Детали за обидот за опожарување на објектот на Еврејската заедница во Скопје

Од досегашната истрага за обидот за опожарување на објект на Еврејската заедница и синагога во Скопје е познато дека во истиот учестувале две лица.

Тие на мотоцикл застанале пред објектот околу 5 часот наутро на 12. април.

Едно од нив носело канистер со бензин, и ја прескокнало оградата, додека другото чувало стража, што и се гледа на снимката која ја објави Амбасадата на Израел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Снимка од обидот за опожарување на објектот на Еврејската заедница и на Синагогата во Скопје

И двете лица носеле заштитни шлемови, кои ги користеле за маскирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советот за безбедност во март предвиди дека синагоги или седишта на Еврејската заедница во Македонија може да бидат под закана

(Фото) МВР го потврди обидот за опожарување на објект на Еврејската заедница и на синагогата во Скопје

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и на Синагогата во Скопје

Фото: Амбасада на Израел

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести