Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и на Синагогата во Скопје

Од Еврејската заедница во Македонија информира дека денеска имало обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и на Синагогата во Скопје.

-За првпат во поновата историја, беше извршен обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и Синагогата. Овој чин не е само напад врз еден верски објект, туку длабоко вознемирувачки удар врз темелните вредности на цивилизираното општество – соживотот, достоинството и заемната почит.

Еврејската заедница, како најмалубројна, но историски длабоко вкоренета заедница на овие простори уште од времето на Антиката, отсекогаш го градела својот опстанок и придонес врз принципите на мир, солидарност и заедништво.

Ние сме живееле посебно во нашите верски традиции, но заедно во секојдневието – рамо до рамо со сите наши сограѓани, споделувајќи ги и радостите и премрежјата на ова општество, велат од таму.

Од таму посочуваат дека во последно време се повеќе се засилуваат појавите на говор на омраза, нетолеранција и опасно поистоветување на Евреите со сложените геополитички случувања на Блискиот Исток, теза што, како што велат од таму, е погрешна и неправедна.

-Со особена загриженост констатираме дека во последните години се засилуваат појавите на говор на омраза, нетолеранција и опасно поистоветување на Евреите со сложените геополитички случувања на Блискиот Исток.

Таквите тенденции не се само погрешни, туку и длабоко неправедни, и тие го отвораат патот за оживување на антисемитизмот – појава која човештвото одамна требаше да ја остави зад себе. Обидот за подметнување пожар е алармантна последица токму на таквата атмосфера.

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат, наведува претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви, во соопштението.

Членовите на Еврејската заедница апелираат до надлежните органи целосно да го расветлат случајот и бараат доследна примена на законите.

-Уште поважно, апелираме до совеста на општеството – да не дозволиме омразата, стравот и незнаењето да станат погласни од разумот, човечноста и правдата, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) МВР го потврди обидот за опожарување на објект на Еврејската заедница и на синагогата во Скопје

Снимка од обидот за опожарување на објектот на Еврејската заедница и на Синагогата во Скопје

Фото: Еврејска заедница во Македонија/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести