Синоќа во Вила Водно се одржа седница на Советот за безбедност поради нападот на Иран од страна на САД и Израел, кој Македонија го подржа, и поради влошувањето на состојбата на Блискиот Исток.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија даде поддршка на САД за нападите на Иран
Како што информираше претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја свика седницата, на истата врз основа на информации од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Агенцијата за разузнавање, Министерството за внатрешни работи (МВР), Министерството за одбрана (МО) и од началникот на Генералштабот било констатирано дека состојбата во Македонија и регионот е стабилна и безбедбедна.
-Значи, ние не сме во моментов изложени на нестабилност, ниту има опасност по безбедноста внатре и во регионот.
Најважно е дека постои систем на рано предупредување со оглед на координацијата меѓу сите надлежни органи, што е многу важно во постојаното следење на воените состојби.
Значи, институциите ги следат состојбите во рамките на надлежноста, ги анализираат, се координираат, информираат, и затоа мислам дека оваа оценка за стабилност и на безбедност е релевантна и важна, информираше таа.
Била потенцирана и потребата од засилени мерки против можни сајбер напади врз институциите и хибридни закани, како и нужноста од зголемена контрола на гранични премини и било констатирано дека интензивната регионална соработка е од особен интерес за сите држави на Балканот.
Исто така било констатирано и дека објекти како синагоги или седишта на еврејската заедница, како и Музејот на холокаустот во Скопје, може да бидат под закана, и дека сето тоа го следат надлежните институции.
На седницата се дискутирало и за евакуацијата на македонските граѓани од Израел и околните земји, кои беа нападнати од Иран во контра нападите, и било констатирано дека моментално сите граѓани кои го побарале тоа се на безбедно и се згрижени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на нафтата може да порасне драстично поради нападот на Иран
Освен за безбедноста во земјата се разговарало и за влијанието на кризата во Блискиот Исток и на економијата и снабдувањето со енергенси и слично.
-Во тој поглед, надлежните информираа дека нема проблем.
Како што знаете, интерконекторот меѓу Грција и нас веќе е во функција и Владата изрази уверување дека ќе обезбеди покриеност со нафта во рамките на Законот за задолжителни нафтени резерви.
Значи, добивме цврсто уверуваење документирано со податоци, дека во моментов нема причини од голема грижа. Се разбира, ќе ги следиме состојбите и соодветно ќе реагираме, информираше претседателката.




На седницата присуствувале сите членови на Советот за безбедност: Африм Гаши, претседателот на македонското Собрание, премиерот Христијан Мицкоски, Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи, Владо Мисајловски, министерот за одбрана, преку видео-врска од САД, Тимчо Муцунски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, како и Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова и Владо Спиридонов, кои се именувани од претседателката.
На седницата биле поканети и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Тоа е добро за иранскиот народ“, вели Филипче за нападот на Иран од страна на САД и Израел
(Видео) Блискиот Исток пред тотална војна: Продолжуваат воените дејства во Израел, Иран и регионот
(Видео) Во Иран и се слави, и се плаче за убиениот верски лидер Али Хамнеи
Фото: Кабинет на претседателката














