Од денеска, 1. март, дел од цигарите се продаваат по нова цена, повисока за 10 денари, потврдија од маркети за еМагазин.
Станува збор за цигарите на Империјал тобако ТКС АД Скопје: Родео, Вест, Давидов и Жаде.
Засега нема најава за поскапување на други брендови на цигари.
Зголемувањето е дел од редовното усогласување со акцизната политика на државата, која предвидува постепено покачување на акцизите на тутунските производи до 2030 година.














