Македонија даде поддршка на САД за нападите на Иран

Македонија даде поддршка на САД, која заедно со Израел, денеска го нападнаа Иран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Израел и САД го нападнаа Иран

Македонската позиција на социјалната мрежа ја соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

„Стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со дестабилизирачките закани на Блискиот Исток.

Соединетите Американски Држави јасно ставија до знаење дека дипломатијата е секогаш првата опција – но одвраќањето останува од суштинско значење кога постојат веродостојни ризици. Безбедноста, стабилноста и одговорноста одат рака под рака“, напиша тој.

Тој ги осуди контра нападите од Иран врз Израел и врз американските бази во регионот.

„Ја потврдуваме нашата целосна солидарност со партнерите во Заливот. Нападите врз земјите од Заливот од страна на Иран се неприфатливи и ризикуваат поширока регионална ескалација“, напиша министерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не патувајте во Израел и околните земји, повикуваат од македонското МНР, по нападот на Иран

(Видео) Ирански граѓани го слават нападот на Иран од страна на САД и Израел: “Го сакаме Трамп“

(Видео) Иран го нападна Израел, нападнати и американските бази во Катар, Бахреин, Јордан, Кувајт и ОАЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести