Утринава САД и Израел го нападнаа Иран, а на социјалните мрежи се појавија видеа во кои ирански граѓани го слават нападот и извикуваат: “Го сакаме Трамп“.
Претходно американскиот претседател Доналд Трамп во своето обраќање до американските граѓани за нападот, ги повика припадниците на Исламската револуционерна гарда и иранските вооружени сили да го положат оружјето за што ќе добијат имунитет, и им порача дека „другата опција е сигурна смрт“.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) February 28, 2026
Тој најави масовна операција и нагласи дека целта е соборување на иранскиот режим.
Го повика иранскиот народ да ја искористи можноста и да ја преземе власта.
-Кога ќе завршиме, преземете ја вашата влада. На вас е да ја преземете. Ова веројатно ќе биде вашата единствена шанса со генерации, порача тој, посочувајќи им дека сега е време да ја преземат контролата врз нивната судбина и да ја ослободат просперитетната и славна иднина што е блиску до нив.
-Ова е моментот за акција. Не дозволувајте да помине, додава рече тој.
Во неодамнешните протести во Иран, иранскиот режим масакрираше и уапси илјадници свои граѓани, во голем број млади.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Израел и САД го нападнаа Иран
Македонските државјани да не патуваат во Израел и Иран, апелира МНР
Фото: Унсплеш/видео: Х/Трамп/Iran International – English














