Утринава Израел го нападна Иран.
Како што пренесуваат светските агенции станува збор за превентивен напад, а во истиот учествува и САД, потврди американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави дека истиот ќе биде масивен.
Засега светските медиуми јавуваат за напад во близина на канцелариите на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, (кој е највисоката политичка и верска фигура во земјата, над претседателот и другите владини функционери, и е одговорен за клучните државни одлуки), во главниот град Техеран, кој најверојатно не бил таму.
Fumée au-dessus de Téhéran : #Israel a frappé l'#Iran, alors que #Trump met la pression.
— Karine Bechet (@bechetgolovko) February 28, 2026
Un travail coordonné – formellement, ce ne sont pas les #USA, qui ont frappé … pic.twitter.com/71c7OC39dt
Цели во нападот се иранска војска, органите на владата и разузнавачките органи.
Israel attacks Tehran pic.twitter.com/O4pToFlvR2
— Ali Hashem علي هاشم (@Alihashem) February 28, 2026
Израел го затвори воздушниот простор, а граѓаните се предупредени за можни одмаздувачки напади од страна на Иран.
Во борбена готовност се и воените бази на САД во регионот.
Оваа следи по маскарот врз иранските граѓани од страна на иранскиот режим во неодамнешните протести, како и неуспешните преговори помеѓу САД и Иран за неговата нуклеарна програма.
Изминатиов период САД составија голема флота од борбени авиони и воени бродови во регионот.
Министерството, преку Дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, континуирано ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за понатамошниот развој, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Ирански граѓани го слават нападот на Иран од страна на САД и Израел: “Го сакаме Трамп“
Не патувајте во Израел и околните земји, повикуваат од македонското МНР, по нападот на Иран
Фото: Унсплеш/видео: Х/Iran International – English














