БИМ од Свети Николе лани со добивка

БИМ АД Свети Николе лани остварил нето добивка од 33.697 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Остварените приходи од продажба во периодот јануари – декември 2025 година изнесуваат 711.746  илјади денари и се за 26% помали во споредба со приходите од продажба остварени во 2024 година кога изнесуваа 955.805 илјади денари.

Тоа се должи на намалената градежна активност, пред се во нискоградбата, како во земјата, така и во странство. По структурата на застапеност во вкупните приходи од продажба, приходите од продажба на домашен пазар учествуваат со 59,97%, додека од странскиот пазар со 40,03%.

Оперативните расходите за периодот јануари – декември 2025 година изнесуваат 674.586 илјади денари и се пониски за 24% во однос на истите од 2024 година кога изнесуваа 884.870 илјади денари.

Најголемо учество во вкупните расходи имаат трошоците за суровини и други материјали и изнесуваат 576.615 илјади денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како работел БИМ од Свети Николе во третиот квартал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести