Како работела Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп лани

Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп АД Скопје лани остварила добивка пред оданочување од 52,1 милиони денари, информираа од таму преку Македонската берза.

Во истиот период претходната година Друштвото имаше загуба од 6,9 милиони денари пред оданочување.

Вкупните приходи на Друштвото се зголемени за 1,2%, а вкупните расходи се намалени за 1,9%.

-Во структурата на вкупните приходи најголемо учество се должи на бруто заработена премија која изнесува околу 77% од вкупните приходи.

Бруто-полисираната премија во 2025 година бележи пад во однос на минатата година од 1.1%, односно 25,5 милиони денари, од кои намалување од 55 милиони денари има кај осигурувањето од автомобилска одговорност и тоа продажба преку брокерските друштва.

Дополнително, кај имотните класи има намалување од 28,3 милиони денари, кое е предизвикано поради необновување на полисите кај осигурениците каде што има забавена наплата.

Ефектот се нотира со зголемувањето кај здравственото осигурување и осигурувањето од незгода во износ од 39,3 милиони денари. Kај останатите класи е стабилен портфелот во текот на 2025 година.

Најголемо движење во вкупните расходи бележат трошоците од настанати штети. Кај бруто исплатените штети има намалување од 14,8 милиони денари. Најмногу кај моторните класи и тоа кај осигурувањата од автомобилска одговорност и осигурување на моторни возила (каско) во износ од 65,2 милиони денари.

Од друга страна, има значително зголемувањето кај имотните класи и тоа кај осигурување на имот од пожар и природни непогоди од еден настан – во износ од повеќе милиони евра кој што се рефлектира кај бруто резервите за штети.

И покрај значителното зголемување на бруто резервираните штети – имоти, нето ефектот кај оваа класа е значително понизок поради реосигурителните програми со кои се покриени нашите обврски по нив.

Поради тоа вкупниот ефект кај настанатите нето штети по сите класи бележи намалување од 10,3% или во апсолутен износ 67,9 милиони денари и тоа најмногу во осигурувањата од автомобилска одговорност, велат од таму.

Остварената бруто полисирана премија изнесува 2,280 милиони денари споредено со планот за бруто полисираната премија за 2025 година во износ од 2,270 милиони денари се надмина за 0,44%, велат од таму.

-Кај штетите, остварените штети во износ од 659,6 милиони денари го надминаа планираниот износ и тоа за 5,9%.

Според планот за 2026 година очекуваме бруто-полисираната премија да изнесува 2,33 милиони денари, како и добивка пред одданочување во износ од 122 милиони денари.

Остварениот нето финансиски приход во текот на 2025 година изнесува 97,9 милиони денари и е за 24% надминат во однос на планот за 2025 година, што се должи на зголемувањето кај приходите од камати, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Промени кај функциите на членовите на НО на Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп

Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп со зголемена добивка во третиот квартал

Договор од 2,2 милиони евра склучи МЕПСО со Македонија осигурување – Виена иншуренс груп

Фото: Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести