Под истрага кредитот од 1 милијарда евра што го доби Македонија од Унгарија

Како и што најави неодамна унгарскиот премиер Петер Маѓар, Унгарија отвори истрага за кредити кои ги дала државната Ексимбанка за време на неговиот претходник Виктор Орбан.

Под истрага за сомнение за злоупотреба на службената положба и несовесно управување се четири случаи поврзани со Ексимбанка, а еден од нив е и кредитот од 1 милијарда евра што го доби Македонија.

Истиот беше одобрен со каматна стапка од 3,25% и со целосна државна гаранција од страна на Унгарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата на унгарскиот премиер Маѓар ќе го истражува кредитот за Македонија од 1 милијарда евра

За кредитот за Македонија, Маѓар неодамна посочи дека „е многу поповолен од каматната стапка по која унгарските компании и Унгарците добиваат заеми, но и од стапката по која унгарската држава зема заеми“.

Според него, трансакцијата ќе го чини унгарскиот буџет околу 250 милиони евра во каматни плаќања поради разликата помеѓу пазарната каматна стапка и субвенционираната каматна стапка што ѝ е обезбедена на Македонија.

Тој исто така смета дека овој договор за заем бил обвиен во тајност. Според него унгарската јавност била информирана за втората транша од заем од 500 милиони евра од македонскиот премиер Христијан Мицкоски пред тоа да го соопшти владата на Орбан.

Прашан за истрагата, Мицкоски вчера изјави дека не стравува од истата, бидејќи се било транспарентно.   

Посочи и дека тоа било внатрешна работа на Унгарија.

-Дали стравувам од истрагата? Апсолутно не, затоа што сето тоа е дел од нашето стратешко партнерство, плус потврдено од двата парламенти и двете влади, а средствата се потрошени транспарентно, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Петер Маѓар, кој го собори Виктор Орбан

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести