Спецјализираниот српски портал retailserbia.com јавува дека неофицијално грчкиот малопродажен синџир „Масутис“, добро познат и на македонските граѓани, разгледува влез на пазарите во Србија, Македонија, Унгарија…
Деновиве истиот регистрирал интернет домен наменет за српскиот пазар, а сопственик на истиот според порталот е Дијамантис Масутис СА во Терми во близина на Солун.
Од друга страна пак од „Масутис“ засега нема реакција за оваа информација.
Инаку, „Масутис“ е вториот најголем малопродажен синџир во Грција со повеќе од 1.200 продавници.
Годинава слави 50 години работење.
Фото: Унсплеш














