На денешното судско рочиште за судијата Ристов, беа презентирани увиди во сметките и во телефонскиот именик: Еве кои имиња беа споменати

Денешното судско рочиште за Ѓоко Ристов продолжи со увид во годишните даночни пријави.

Вештакот Ѕвонко Кочовски направил анализа на приливите, исплати од жиро-сметки што Ристов ги поседува во неколку банки и анализа на сметките на членовите на неговото семејството.

Во излагањето за приливите на Ристов и неговата сопруга Симона, во период од 2016 до 2024 година, вештакот истакна вкупна сума од 600.000 евра.

На рочиштето исто така беа презентирани и податоци од неговиот телефонски уред, кој го користел во 2023 па во 2025 година.

Се споменуваат имиња како Вице Заев, Бојан Јовановски Боки, Ана Камчева, Љупчо Пецов Ѓаволот, Фросина Ременски, Пуцко, Зоран Азманов, Енвер Беџети и др.

Судијата Ристов е осомничен за „противправно стекнување и прикривање имот“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“, откако во домот на неговите родители во Неготино во ѕид беа најдени 350 илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мајката на судијата Ѓоко Ристов уплатила 400.000 евра за станови во изградба, на денешното рочиште објавени и прислушувани разговори

Како биле откриени 350. илјади евра во домот на судијата Ѓоко Ристов

Викендицата ја нема во анкетниот лист на судијата Ѓоко Ристов

На кои случаеви работел судијата Ѓоко Ристов во чиј дом беа најдени 350 илјади евра

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести