Кредитот од 1 милијарда евра кој го доби Македонија од Унгарија во времето кога беше премиер Виктор Орбан ќе биде под лупа на новата унгарска влада предводена од Петер Маѓар.
Имено унгарската влада ќе истражува четири случаи на заеми на унгарската Ексим банка, меѓу кои е и тој за земјава, кој веќе се троши.
За кредитот за Македонија, како што пренесуваат тамошните медиуми, Маѓар на прес-конференција посочил дека „е многу поповолен од каматната стапка по која унгарските компании и Унгарците добиваат заеми, но и од стапката по која унгарската држава зема заеми“.
Според него, трансакцијата ќе го чини унгарскиот буџет околу 250 милиони евра во каматни плаќања поради разликата помеѓу пазарната каматна стапка и субвенционираната каматна стапка што ѝ е обезбедена на Македонија.
Ризикот од кредитот е покриен со целосна унгарска државна гаранција.
Исто така според Маѓар, овој договор за заем бил обвиен во тајност. Унгарската јавност била информирана за втората транша од заем од 500 милиони евра од македонскиот премиер Христијан Мицкоски пред тоа да го соопшти владата на Орбан.
Од кредитот Македонија, 500 милиони евра предвиди за враќање на еврообврзиница, 250 милиони евра за финансирање на проекти на локалната самоуправа и 250 милиони евра за поддршка за македонскиот бизнис.
Каматната стапка беше 3,25%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Петер Маѓар, новиот премиер на Унгарија
Македонија потпиша договор за стратешка соработка и со Унгарија
Фото: Унсплеш














