Шалтерот на МВР за издавање на одобренија за деца до 14 години, ќе работи со изменето работно време

Министерството за внатрешни работи информира дека шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје, во зградата на МРТВ, каде што се издаваат „Одобренија за патување во странство за малолетни лица“ (деца до 14 години), ќе работи со изменето работно време.

„Согласно измената, услугата ќе биде достапна од понеделник до петок, во периодот од 08 до 17 часот.

Во сабота шалтерот нема да работи.

МВР ги информира граѓаните навремено да ги планираат своите посети согласно новото работно време, со цел непречено и ефикасно издавање на одобренијата,“ се вели во соопштението.

Фото/МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести