Пожарот на косовската граница во селото Грачани, повторно се чувствува во Скопје

Пожарот кој веќе неколку дена гори на територијата на Косово, кај селото Грачани се чувствува и во Скопје, посебно во вечерните часови.

Облак од дим посебно се чувствува во Карпош, Ѓорче Петров, Центар и неколку скопски населби.

Иако во неговото гаснење учествуваа и македонските ер-трактори, веќе неколку дена, тој им задава проблем на пожарникарите, за кои директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, вели дека се преморени.

Најкритична е состојбата во општините Ѓорче Петров, Македонски Брод, Струга и Маврово и Ростуше.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести