Лидерот на Тиса, Петер Маѓар, кој победи на последните парламентарни избори во Унгарија, и официјално стана нов премиер на земјата, откако вчера положи заклетва во унгарскиот Парламент.
Со тоа и официјално заврши ерата на Виктор Орбан, лидерот на Фидес, кој ја водеше земјата 16 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан падна по 16 години на власт
Иако е се уште рано, на Маѓар, се гледа како проевропски лидер, а пред него се многу работи за да покаже тоа.
Една од првите задачи ќе му биде да ги врати замрзнатите европски пари за Унгарија поради прекршувања на владеењето на правото.
Пред него се и бројни други реформи поврзани со Европската унија, што треба да ги спроведе, а најави и воведување на еврото до 2030 година.
Најави и дека ќе се приклучи на Европското јавно обвинителство, дека ќе се бори против корупцијата и дека ќе обезбедил независност на судството и медиумите.
Исто така, Маѓар, најави и промена на Уставот за да принуди претседателот Тамаш Шујок, близок сојузник на Орбан, да се повлече, ако не поднесе оставка, како и да ги отстрани „сите марионети што системот на Орбан ги поставил на клучни позиции“, вклучувајќи го главниот обвинител и претседателот на Уставниот суд. Најави и ограничување на мандатите на премиерот.
За да ги спроведе сите овие работи има двотретинско мнозинство во парламентот.
Кој е Маѓар
Маѓар е по професија правник и има 45 години, а неговото презиме буквално значи „унгарски“.
Дипломирал на Католичкиот универзитет “Пазмањ Петер“.
Израснал во конзервативна средина. Неговиот дедо бил позната телевизиска личност и адвокат, а неговиот кум Ференц Мадл бил претседател на Унгарија.
Онаа што е посебно интересно за него е дека беше дел од партијата на Орбан, а беше и оженет со Јудит Варга, една од најпознатите функционерки на Фидес и поранешна министерка за правда.
Тие се разведе во 2023 година.
Маѓар додека беше со Фидес беше во Управниот одбор на државната компанија за одржување патишта, подоцна бил и директор на владиниот давател на студентски кредити и беше член на одбори на неколку други државни компании.
Разделба со Фидес
Со Фидес се раздели во 2024 година кога од страна на унгарскиот претседател беше помилувано лице поврзано со прикривање педофилија, и го обвини системот на Орбан за корупција, клиентелизам и владеење во интерес на тесен круг политички и економски елити.
Потоа започна со јавни настапи од кои се роди новата партија – Тиса, која во 2024 година освои дури 30% од гласовите на изборите за Европскиот парламент
Популарноста драматично му се растеше, бидејќи во своите настапи се фокусираше на секојдневни теми како инфлација, ниски плати, здравство, јавен превоз, корупција и пад на животниот стандард.
Не е класичен либерален политичар
Тој не е класичен либерален политичар. Доаѓа од десниот центар, има конзервативни ставови, но успеа да собере широк фронт на незадоволни граѓани – од умерени десничари и разочарани поранешни гласачи на Фидес, до либерални и проевропски ориентирани.
Исто така ветува подобрување на односите со Европската унија и НАТО, кои Орбан ги влоши дополнително по војната во Украина.
Ставот за мигрантите му е дури построг и од тој на Орбан, а едно од ветувањата му е укинување на програмата за увоз на странска работна сила.
Често се судира со медиумите, а има и нејасен став по прашањето за ЛГБТК заедницата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарија ќе ги задржи добрите односи со Македонија, најави идниот премиер Маѓар
Екстрадиција на Груевски најави идниот премиер на Унгарија, Маѓар
Фото: Маѓар/Фејсбук














