Фирмата “Мастеф“ за 10 милиони евра ќе го гради Луна паркот во Скопје

Друштвото за градежништво, трговија на големо и мало увоз-извоз Мастеф ДООЕЛ Скопје ќе го гради Луна паркот во Скопје.

Со неа Град Скопје склучи договор за проектирање, набавка и монтажа на реквизити за забавен парк со партерно уредување и пропратни објекти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е фирмата Мастеф, која за 10 милиони евра ќе го гради Луна паркот во Скопје

Вредноста на договорот изнесува 621.007.264 денари или 10.097.679 евра.

Тендерот за избор на фирма за негова изградба беше распишан во декември лани.

Истиот на поголема површина ќе се гради на местото на стариот во Градскиот парк, изграден во 1973 година.

Во главниот град на Македонија нема Луна парк околу 10 години, а досега неколку градоначалници на Град Скопје ветуваа негова изградба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Договор од 1,4 милион евра склучи Град Скопје со „Мастеф“

(Видео) Се расчистува просторот за изградба на Луна паркот, се рушат старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје

Ќе добие ли Скопје конечно Луна парк? Започна јавната набавка за проектирање и монтажа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести