Обвинителство отвора предмет за депонијата во близина на Рашче

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче, информираа од таму.

-Надлежен јавен обвинител ќе ги координира активностите на Државниот инспекторат за животна средина и надлежните инспекциски служби со цел да се извршат проверки во однос на потеклото на депонијата, како и можните последици.

Доколку бидат утврдени елементи на  кривично дело против животната средина и идентификувани сторители, јавното обвинителство ќе постапи согласно надлежностите за кривичен прогон, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Клиника за инфективни болести нема пациенти со стомачни проблеми поради водата во Скопје, вели директорот Цана

Водата во Скопје е безбедна за пиење, вели Ѓорѓиевски по шпекулациите за присуство на бактерија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести