Водата во Скопје е безбедна за пиење, вели Ѓорѓиевски по повод шпекулациите за присуство на бактерија

Водата во Скопје е чиста за пиење и нема бактерија ешерихија коли, изјави на прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по повод шпекулациите дека водата е загадена и дека на Клиника за инфективни болести врие од заболени.

„Ова е организиран напад, за ширење хистерија и паника,“ рече Ѓорѓиевски, кој вели дека водата од скопски „Водовод“ ја пие и тој неговото дете.

Во однос на снимките кои се појавија од депонијата кај Рашче, која би можела да биде закана по безбедноста на изворот, Ѓоргиевски истакна дека се испратени екипи за да ја исчистат.

Агенцијата за храна и ветеринарство исто така информираа дека водата е безбедна за пиење и до овој момент немаат добиено известување од скопското јавно комунално претпријатие за незадоволителен резултат од лабораториското тестирање, што е нивна законска обврска.

Фото/Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести